logo
logo
logo

Њујорк повеќе не е град со најмногу милионери, БОГАТИТЕ СЕ ВО ЛОНДОН

Vecer | 01.03.2021

Њујорк повеќе не е град со најмногу милионери, БОГАТИТЕ СЕ ВО ЛОНДОН

Големото јаболко, односно Њујорк кој важи за главен град на светот, го загуби статусот на град каде живеат најмногу милионери.

Извештај кој открива колку пари заработиле најбогатите за време на пандемијата, покажува на тоа дека овој примат сега го држи Лондон, главниот град на Англија.

Скоро 875 000 луѓе во Лондон се милионери, покажува годишното истражување на консултантската куќа Knight Frank.

Ова значи дека секој десетти жител на Лондон е милионер, податоците покажуваат дека истовремено се потенцира растечката нееднаквост во овој град, бидејќи повеќе од 2,5 милиони луѓе живеат во сиромаштија.

Извештајот покажува дека 874.354 луѓе во Лондон имаат имот вреден повеќе од еден милион долари, додека во Њујорк има и 820.000, пишува Гардијан.

Експертите објаснуваат дека скокот на бројот на милионери бил предизвикан од скокот на цените на недвижностите на пазарот, што ја зголемило вредноста на имотот на многумина од богатите.

Лондон има најмногу недвижнини во премија, бидејќи 68.000 имоти вредат по два милиони долари. За време на пандемијата, имаше скок на побарувачката за станови и куќи во британската престолнина, тие беа купувани од странски инвеститори кои го искористија падот на вредноста на фунтата и даночните поволности поради Брегзит.

Повеќе од 6.000 луѓе се приклучија на ултрабогатата група, па дури и успеаја да го зголемат своето богатство за време на пандемијата. Во Лондон во моментов живеат 520 000  кои имаат над 30 милиони долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk