logo
logo
logo

Њу Делхи повторно ги затвори училишата поради загаденоста на воздухот

Vecer | 02.12.2021

Њу Делхи повторно ги затвори училишата поради загаденоста на воздухот

Индиската престолнина Њу Делхи нарди од петокот на неодредено време затворање на училиштата и факултетите поради загадувањето на воздухот откако Врховниот суд ги критикуваше градските власти затоа што повторно ги отворија иако ситуацијата не се подобрила.

Градските власти минатата седмица одлучија повторно да ги отворат училиштата и фактултетите, откако беа затворени две седмици поради аерозагадувањето.

Врховниот суд во четвртокот ја критикуваше таквата одлука. Судот ја разгледува жалбата поради неспособноста на владата да го намали загадувањето на воздухот.

Забраната на градежните работи и влегувањето на камионите на дизел горица со неесенцијални стоки и натаму останува на сила, изјави градскиот министер за природна средина Гопал Раи.

Ги повика сограѓаните да го користата јавниот сообраќај. Властите на Њу Делхи за таа цел изнајмија уште 700 автобуси на гас.

Поради лошиот квалитет на воздухот во градските болници има сѐ повеќе хоспитализирани деца со проблеми во дишењето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk