logo
logo
logo

Њу Делхи е најзагадениот град во светот, густата магла ги одложува летовите

Vecer | 15.01.2025

Њу Делхи е најзагадениот град во светот, густата магла ги одложува летовите

Густата магла и студеното време го одложија денеска полетувањето на авионите и тргнувањето на возовите во неколку делови на северна Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.

Индиската метеоролошка служба издаде портокалова тревога за Њу Делхи, второто највисоко ниво на тревога, предвидувајќи густа до многу густа магла во многу области, пренесуваат британските медиуми.

Видливоста на главниот аеродром во Њу Делхи беше помеѓу нула и 100 метри, соопшти метеоролошката служба, а повеќе од 40 тргнувања на возови низ северна Индија беа одложени поради маглата, објавија локалните медиуми.

 Одложен и се некои полетувања од Њу Делхи, каде што секој ден има по околу 1.400 летови, соопштија аеродромските власти на платформата X.

Главниот град на Индија од почетокот на зимата се бори со лошиот квалитет на воздухот и смогот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk