logo
logo
logo

Нигериската војска ослободи 62 заложници во операции на северозападот на земјата

Vecer | 21.01.2026

Нигериската војска ослободи 62 заложници во операции на северозападот на земјата

Портпаролот на војската, потполковник Оланији Особа, изјави дека трупите упаднале во познато засолниште на разбојници во Замфара по добиена дојава дека таму се држат заложници. Војската наведе дека сите 62 заложници се безбедно ослободени и дека во тек се напори за нивно враќање кај семејствата.

Во втората операција војниците од заседа ги нападнале милитантите на групата Лакурава по разузнавачки сознанија за нивното движење, рече Особа. Армијата додаде дека овие операции се дел од пошироките напори за разбивање на вооружените мрежи одговорни за распространетите киднапирања и несигурноста во регионот.

Северозападна Нигерија во последните месеци е погодена од бран масовни киднапирања што ги вршат вооружени банди од засолништа во шумите, напаѓајќи села, училишта и верски објекти. Меѓу нив е и киднапирањето повеќе од 160 верници од две цркви во сојузната држава Кадуна на 18 јануари.

Нигерија во последно време се најде под лупа на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја обвини земјата дека не успева да ги заштити христијаните од исламистичките милитанти на северозападот. Американските сили на Божик извршија воздушни напади врз цели на терористичката Исламска држава во тој дел на Нигерија.

Нигериската влада ги отфрла обвинувањата за систематски прогон на христијаните наведувајќи дека цел на безбедносните сили се исламистичките борци и други вооружени групи што ги напаѓаат и христијанските и муслиманските цивили. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk