logo
logo
logo

Нигер сака со Русија да гради нуклеарни реактори и да експлоатира ураниум

Vecer | 26.09.2025

Нигер сака со Русија да гради нуклеарни реактори и да експлоатира ураниум

- Реакторите би се граделе под надзор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ). Да, многу сме амбициозни, но тоа ни е многу важно, всушност е многу важно за целиот африкански континент, посочи Абарачи.

Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ во јули потпиша меморандум за разбирање со Министерството за енергетика на Нигер, кој предвидува соработка во областа на нуклеарната енергија и нуклеарната технологија. Нигер вчера предложи соработка и развој на наоѓалиштата на ураниум.

- Предлозите се исклучително интересни, изјави директорот на „Росатом“, Алексеј Лихачев.

Нигер минатата година беше на осмото место на светската ранг-листа на производители на ураниум. Околу 5.000 тони ураниум има во северните делови на Нигер.

„Росатом“ вчера потпиша документ за изградба на нуклеарна електрана и со Етиопија.

Единствена африканска земја што има нуклеарна електрана е Јужноафриканската Република. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk