logo
logo
logo

Неверојатната МОЌ НА КРАЛИЦАТА: Кои привилегии ги има Елизабета Втора

Vecer | 14.03.2021

Неверојатната МОЌ НА КРАЛИЦАТА: Кои привилегии ги има Елизабета Втора

Дали знаевте дека на кралицата Елизабета не може да и се суди? Да има личен поет, кој е платен во алкохол и дека е сопственик на сите лебеди во Британија?

Точно е дека улогата на кралицата на Велика Британија е претежно церемонијална, но Елизабета Втора сепак има голема моќ.

Некои аспекти на таа моќ се показател дека светот сè уште не се откажал од монархијата, а некои во најмала рака се бизарни.

Кралицата е сопственик на сите лебеди на Темза.

Денес, оваа традиција се рефлектира во единствениот обичај на фаќање и бележење на лебеди, кои потоа повторно се пуштаат во дивината.

Кралицата е сопственик исто така на сите делфини во британските води. Сите китови и делфини кои пливаат околу Островот се во сопственост на суверенот, според одлуката од 1324 година, кога со Велика Британија управуваше Едвард Втори.

Кралицата може да вози без возачка дозвола. Возачките дозволи се издаваат на име на кралицата и таа останува единствената личност во Велика Британија на која не и е потребна возачка дозвола, ниту пак нејзиниот автомобил мора да има регистарски таблички.

Иако ќе визвучи чудно но Кралицата е одличен возач, бидејќи научила да вози за време на Втората светска војна, кога возела амбулантно возило.

Кралицата има два родендени.  Кога сте монарх на една држава, еден роденден не е доволен. Официјалниот роденден на кралицата се слави една сабота во јуни, иако нејзиниот вистински роденден е 21 април.

Кралицата поседува приватен банкомат.  Во подрумот на Бакингемската палата е инсталиран банкомат од чисто практични причини. Кралицата има картичка на Банка Коутс, една од најпрестижните во Велика Британија.

Ксралицата има личен поет. Поет лауреат е почесна титула ккоја се доделува од Британското друштво на поети за дело од национално значење.  Кога титулата за првпат била воведена, поетот од кралицата добивал 200 фунти годишно и шише вино. Сега лауреатот добива барел шери.

Кралицата има можност да ја собори австралиската влада.  Бидејќи таа е исто така на чело на Австралија, кралицата има одредена супериорност над владата на таа земја. На пример, во 1975 година, претставникот на кралицата во таа земја, сер Џон Кер, го отпуштил премиерот, а три часа подоцна парламентот.

Покрај Британија и Австралија, кралицата владее со Антигва и Барбуда, Бахамите, Барбадос, Белизе, Канада, Гренада, Јамајка, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Соломонски Острови и Тувалу. Сите тие се членови на Комонвелтот, односно поранешни британски колонии.

Таа е исто така на чело на црквата.  Кралицата Елизабета Втора е исто така на чело на Англиканската црква, основана од кралот Хенри VIII по одвојувањето од католицизмот во 16 век.

Нејзината официјална титула е „бранител на верата и врховен владетел на Англиканската црква“. Исто така, има моќ да назначува бискупи и архиепископи.

Интересно е што наследниците на круната не можат да бидат од други религии. На пример, ако принцот Чарлс сака да премине во ислам, тој не може да го наследи тронот.

Кралицата има и одредени историски права и привилегии. Еве неколку од нив:

Војводата од Атол мора да посипе рози по патеката по која кралицата оди секогаш кога тоа ќе го побара од него. Последен пат тоа се случило за време на владеењето на кралицата Викторија. Не е познато дали розите мора да бидат со одредена боја.

Ако кралицата помине покрај замокот Кидвели во Велс, чуварот мора да и понуди заштитник во полн оклоп. За волја на вистината, замокот е руина, затоа ова правило не важи.

Сопственикот на Фолис мора да достави, снежна топка среде лето ако биде побарано од него.

Градот Глостер плаќа за користење на кралската земја со џиновска пита со јагула.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk