logo
logo
logo

Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа

Vecer | 07.07.2025

Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа

- Ова е моја трета средба со претседателот Доналад Трамп од неговиот избор пред шест месеци, изјави Нетанјаху на аеродромот Бен Гурион.

Трамп претходно рече дека очекува договорот со Хамас да се постигне „оваа недела“. Израелскиот премиер потврди дека испратил преговарачка делегација во Доха, каде посредуваат Катар, Египет и САД.

Предлогот предвидува 60-дневен прекин на огнот, за време на кој треба да бидат ослободени 10 од 20-те израелски заложници, а двете страни да преговараат за траен крај на војната. Хамас го прифати договорот во принцип, но побара измени кои Израел ги отфрли.

Нетанјаху вели дека има три цели: враќање на сите заложници, елиминација на Хамас и обезбедување дека Газа повеќе нема да претставува закана.

Посетата на Вашингтон доаѓа помалку од две недели по 12-дневната војна со Иран, во која, според Техеран, загинаа повеќе од 900 лица. Нетанјаху оцени дека тие напади „го отворија патот за поширок регионален мир“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk