Видеото, снимено во кафетерија, брзо стана вирално и брзо собра повеќе од 60 милиони прегледи.
Сепак, ѕвездата на видеото, судејќи според коментарите на мрежите, не беше Нетанјаху, туку девојката што му го послужи кафето.
Медиумите објавуваат дека станува збор за тинејџерка (17) која неодамна почнала да работи на тоа место.
Ненадејното внимание што го добила на мрежите ја натерало да отвори сметка на платформата X, каде што се најавила и напишала дека е таа, но дека не е баристката, туку дека штотуку ја примила нарачката.
Неколку часа подоцна, нејзините родители контактирале со израелските медиуми, барајќи нејзината приватност да биде заштитена и нејзиното целосно име да не биде објавено.
Нејзините родители напишале и дека многу од сликите што кружат на интернет се создадени со помош на вештачка интелигенција.
Во оригиналното видео, младата жена се појавува околу две секунди.
Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu posts video of himself getting coffee as proof of life after a hoax circulated saying he had been killed.
— Benny Johnson (@bennyjohnson) March 15, 2026
Has anyone seen the new Supreme Leader of Iran?pic.twitter.com/mAX7F1SU3a
Од кафулето каде што Нетанјаху купил кафе, велат дека добиле закани од некои пропалестински корисници.
Дискусијата на социјалните мрежи започна кога корисниците се фокусираа на фотографијата од тинејџерката, при што многумина ја фалеа за нејзината убавина и харизма.
Меѓутоа, во исто време, се појавија коментари со антисемитска и антиизраелска содржина. Меѓу другото, корисниците објавуваа навредливи пораки и иронични коментари што се однесуваат на Холокаустот.
Некои корисници се обидоа да го откријат и идентитетот на младата жена, дури и се обратија до алатката за вештачка интелигенција Grok.
„Кое е ова девојче? Дали е вистинска? Дали е слика создадена од вештачка интелигенција?“ праша еден корисник.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата