logo
logo
logo

Нетанјаху му дозволи на патријархот на Ерусалим пристап до светите места

Vecer | 30.03.2026

Нетанјаху му дозволи на патријархот на Ерусалим пристап до светите места

 На кардиналот вчера му беше забранет пристап и држење на миса по повод празникот Цветници.

Според Нетанјаху, Пикабала, кој е поглавар на католичката црква во Светата земја, бил замолен да не влегува во црквата поради негова безбедност. Голем број западни држави реагираа откако на Пикабала не му беше дозволен влез во црквата.

Кардиналот Пикабала и свештеникот Франческо Иелпо беа запрени пред Црквата Свети гроб вчера кога имаа намера да одржат миса по повод христијанскиот празник Цветници, кој го означува почетокот на светата недела пред католичкиот Велигден.

Канцеларијата на Пикабала соопшти дека првпат по многу векови, на латински патријарх му било забрането да влезе во светото место. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk