- Треба да се бориме во ОН и на сите други арени против лажната пропаганда против нас и против повикот за создавање палестинска држава што би го загрозило нашето постоење и би претставувало апсурдна награда за тероризмот, рече израелскиот премиер пред состанокот на неговата влада.
Велика Британија, Канада и Австралија денеска соопштија дека донеле одлука за формално признавање на Палестина како суверена држава, а тоа го навија и Португалија и неколку други земјаи.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека признавањето на палестинската државност е „ништо друго освен награда за џихадистичкиот Хамас.
- Самите лидери на Хамас отворено кажуваат: ова признавање е директен резултат, „плод“ на масакрот на 7 октомври“. Не дозволувајте џихадистичката идеологија да ви ја диктира политиката, објави министерството на X, без експлицитно да ги именува трите земји.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата