logo
logo
logo

Несекојдневна потера во Австрија - со автомобил бегал од полиција, а од прозор им мавтал со слики од Куранот

Vecer | 04.06.2021

Несекојдневна потера во Австрија - со автомобил бегал од полиција, а од прозор им мавтал со слики од Куранот

Австрискиот весник Кронен Цајтунг објави детали за драматичната полициска потера што се случи во Линц, Австрија во средата вечерта, при што 23-годишен Босанец одби да запре со возилото за време на рутинска полициска проверка и започнла да бега, мавтајќи со слики од Куранот низ прозорец.

Според полицијата, полицајците сакале да го запрат возилото нешто пред 23 часот поради исклучително бавното возење. Сепак, по пристигнувањето на полицијата, возачот нагло забрзал и започнал да бега, покажувајќи го на прозорецот мобилниот телефон со слики од Куранот.

Австриската полиција по некое време успеа да го запре автомобилот, но возачот не сакал да излезе од возилото. Еден полицаец ја отворил вратата на возачот и се обидел да разговара со него, а другиот се обидел да му ги земе клучевите. 23-годишникот тогаш повторно ја нагазил педалата за гас и се обидел да избега, влечејќи ги полицајците околу 50 метри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk