Нереди во Индија, откако муслиманите му отсекле глава на Индус – го навредувал Мухамед (ВИДЕО)

Официјални лица во градот Удаипур, во државата Раџастан, објавија полициски час и го блокираа пристапот до интернет откако снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи гнев кај граѓаните.
На една снимка се гледа како двајца мажи ја напаѓаат жртвата. Од друга страна, двајца муслимани го признаваат убиството и велат дека обезглавиле еден хинду. Но, полицијата вчера соопштила дека жртвата имала исеченици по целото тело, но дека не бил обезглавен.
Индиското МВР вчера соопшти дека Националната агенција за криминал ќе го испита целиот случај.
Двајцата осомничени, наводно, ја убиле жртвата, кројач, откако тој на својот профил на социјалните мрежи ја поддржал сега суспендираната национална портпаролка на индиската владејачка партија Бхаратија Џаната (БЈП), Нупура Шарма, која навредливо зборувала за исламскиот пророк Мухамед, пишува Си-Ен-Ен.
Двајцата осомничени се уапсени и истрагата е во тек, напишал во вторникот државниот министер Ашок Гехлот на Твитер.
Овој атентат повторно ги разгоре тензиите меѓу индиското хинду мнозинство и малцинската муслиманска заедница.
Асадудин Оваиси, пратеник и претседател на партијата Цела Индија Меџлис-е-Итехадул Муслимен, го осудил убиството и повикал на најстроги можни мерки против осомничените.
„Нема никакво оправдување за вакво нешто. Нашата партија остро го осудува таквото насилство. Никој не може да го земе законот во свои раце“, напишал тој на Твитер во вторникот.