logo
logo
logo

НЕОБИЧНА ПОСЛЕДИЦА ОД КОВИД-19 Мажите имаат проблем со ерекцијата, им трае со часови

Vecer | 09.03.2021

НЕОБИЧНА ПОСЛЕДИЦА ОД КОВИД-19 Мажите имаат проблем со ерекцијата, им трае со часови

Двајца пациенти биле лекувани во болнички услови поради вирусот, а едниот од нив починал.

Најмалку два случаи на пациенти постари од 60 години кои страдаат од пријапизам (ерекција без сексуална стимулација) веќе се опишани во медицинските публикации во „American Journal of Emergency Medicine“, пренесе „Daily Mail“.

Двајцата пациенти биле лекувани во болнички услови поради вирусот, а едниот од нив починал.

Еден случај е од американскиот град Охајо, кој подоцна се лекувал во Мајами и е документиран минатото лето. Станува збор за 69-годишен маж со гојазност, третиран на интензивна нега во сериозна состојба.

Пациентот бил поставен на стомак, така што воздухот може подобро да циркулира низ белите дробови. По 12 часа, свртувајќи го на грб, медицинските лица откриле дека има ерекција.

Неговата состојба не се менувала дури и по нанесување на облоги со мраз, а по три часа крвта од пенисот била извлечена со шприц. Неколку дена подоцна, човекот починал.

Пријапизмот е ретка појава, има тенденција да влијае на луѓето над 30 години и е почест кај луѓе со крвни нарушувања, како српеста анемија, леукемија и мултипен миелом, според клиниката Мајо. Пријапизмот е резултат на тоа што крвта не може да го напушти пенисот, или крвта неправилно тече во пенисот, пренесува „Business insider“.

Другиот случај е од францускиот град Версај кој исто така е забележан во текот на минатото лето. Станува збор за 62-годишен маж примен на одделот за интензивна нега. Испитувањето открило дека има ерекција.

И покрај истите постапки како и пациентот во Мајами, пријапизмот траел четири часа и биле пронајдени тромбови во неговата крв. Пациентот се опоравил неколку дена подоцна.

И во двата случаи, истражувачите велат дека ерекцијата е најверојатно како резултат на згрутчување на крвта предизвикано од болеста.

Сепак, сè уште нема доволно докази за да се идентификува пријапизмот како директна последица на ковид-19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk