logo
logo
logo

Ненси Пелоси пристигна во Јапонија

Vecer | 04.08.2022

Ненси Пелоси пристигна во Јапонија

Авионот на Пелоси слета во воздухопловната база Јокота, западно од Токио.

Пелоси, за која ова е прва посета на Јапонија од 2015 година, утре наутро ќе разговара со јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Кина, која го смета Тајван за дел од својата територија, дееска почна воена вежба без преседан во знак на протест поради посетата на Пелоси на Тајпеј.

Кинески балистички ракети првпат паднаа во ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави денеска јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши. По објавувањето на кинеските воени вежби, Јапонија, која е близок сојузник на САД, изрази „загриженост“ за активностите на Пекинг. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk