logo
logo
logo

НЕМА ПРИЧИНА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ АСТРАЗЕНЕКА, реагираат од Европската Комисија

Vecer | 09.04.2021

НЕМА ПРИЧИНА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ АСТРАЗЕНЕКА, реагираат од Европската Комисија

Вакцината АстраЗенека на Оксфорд и нејзината употреба се уште е главна тема откако Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи со нејзина употреба, но воедно и препорача секоја земја сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека постојат минимални шанси за појава на тромбоза.

Македонија одлучи да следи неколку европски земји и да не ја дава на лица под 60 години, а одлуката ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче, пред салата Борис Трајковски каде се одвива вакцинацијата.

И други земји, ја ограничија, затоа се огласи и Европската Комисија која соопшти денеска дека нема причина воопшто да не се користи вакцината на Астра Зенека по мислењето на Европската агенција за лекови, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Европската агенција за лекови штотуку даде позитивно мислење за Астра Зенека бидејќи бенефитите и натаму се поголеми од ризиците, таа не побара да се престане со Астра Зенека, некои земји членки одлучија да заземат построг пристап, нема причина воопшто да не се користи, изјави портпаролот за здравство на Европската Комисија, Стефан Де Керсмакер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk