logo
logo
logo

Едноставно НЕМА кој да работи!

Vecer | 19.09.2021

Едноставно НЕМА кој да работи!

Милиони Американци кои ги загубија своите работни места на почетокот на пандемијата, сега се соочуваат со голема понуда на пазарот на трудот.

Меѓутоа, поради ширењето на делта сојот работниците не брзаат да се вратат на работа и покрај фактот дека финансиската помош што ја добиваат од Владата наскоро ќе истече.

Во Шарлот, Северна Каролина, како и во многу делови во САД сопствениците на баровите не можат да најдат доволно работници. Огласите за работа се насекаде низ градот, а локалната стапка на невработеност е намалена од 14 на 5 отсто. Економистот Метју Мезгар изјавил дека федералната финансиска помош е повисока од платите кои некои ги добиваа пред пандемијата.

Каков е планот на Бајден?

Голем дел од работниците велат дека не сакаат да се вратат на работа поради блискиот контакт со луѓето – особено во време кога во САД дневно умираат по 1500 луѓе.

-Ми се чини дека луѓето избегнуваат да се вратат на работа од безбедносни причини. Некои од моите невработени пријатели не бараат работа – тие се вратија да живеат со своите родители и планираат да останат со нив додека не се чуствуваат безбедно за да се вратат на работа, вели Алекс Џордан За Гласот на Америка, кој моментално е во потрага по работа.

Голема пречка за враќањето на работа е фактот дека многумина не можат да си дозволат некој да им ги чува децата – а голем дел од училиштата се затворени поради пандемијата. Ова може делумно да се реши кога ќе се отворат училиштата, што не е случај со градинките кои немаат доволно кадар.

За да ги поттикне луѓето да се вратат на работа, администрацијата на Бајден објави субвенции за грижа на деца кои се предвидени со законот за инфраструктура и социјална помош во вредност од 3.5 трилиони долари.

На неодамнешниот саем за работа во Вирџинија, многумина се распрашувале за повисоки плати, но и за здравствено и пензиско осигурување.

Претседателот на синдикатот на вработени на аеродромот во Шарлот, Вилијам Волц смета дека на работниците им е потребно покачување на платите и тоа најмалку 17 долари на час, за разлика од сегашниот минималец од 7.5 долари.

Многу работодавци исто така ги зголемија саатниците, со тоа што моментално минималната плата во Амазон моментално е 18 долари, додека пак пред пандемијата била 15 долари.

Економистите велат дека покрај зголемувањето на платите, пресудна ќе биде и креативноста на работодавачите кои ќе мора да модифицираат некои работни места се со цел да најдат доволно работна сила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk