logo
logo
logo

„Не војуваме против Украина, ОВА Е ВОЈНА НА ЗАПАД СО РУСИЈА“

Vecer | 09.01.2023

„Не војуваме против Украина, ОВА Е ВОЈНА НА ЗАПАД СО РУСИЈА“

Настаните во Украина не се конфликт меѓу Москва и Киев, туку воена конфронтација меѓу НАТО, а пред се САД и Велика Британија, со Русија, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

- Ние не војуваме против Украина, бидејќи не можеме да го мразиме обичниот украински свет. Украинските традиции се блиски до Русите, исто како што наследството на рускиот народ е неразделно од културата на Украинците - вели Патрушев во интервју за весникот „Аргументи и факти“.

Како што пренесува Спутник, тој оценил дека колку побрзо граѓаните на Украина сфатат дека Западот со свои раце води војна против Русија, толку повеќе животи ќе бидат спасени. Тој посочи дека, плашејќи се од директен конфликт, инструкторите на НАТО ги туркаат украинските војници до смрт.

- Со специјална воена операција Русија ги ослободува своите региони од окупација и треба да стави крај на крвавиот експеримент на Западот, кој го уништува братскиот украински народ – рече Патрушев, наведувајќи дека зад се стои Вашингтон.

- Тие спречуваат милиони луѓе да зборуваат на својот мајчин руски јазик и ги принудуваат да заборават на своите корени. Западот, заради своите амбиции, практично го уништува украинскиот народ, ги тера луѓето на воена возраст да гинат на бојното поле, а остатокот од населението го турка во сиромаштија - рече Патрушев.

Тој заклучи дека постои можност Западот да презема чекори за да ги спаси и најзакоравените украински неонацисти за да подготви пуч и диверзии во други земји, но нагласи дека неонацистичките криминалци ќе бидат казнети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk