Нацрт-резолуцијата предложена од Кина и Русија за поштедување на Иран од казнени мерки беше отфрлена вчера во Њујорк. Девет од 15-те членки на советот гласаа против, две се воздржаа, а четири, вклучувајќи ги Кина и Русија, гласаа за.
Овој потег ќе ги врати санкциите на ОН врз Иран, кои беа во сила од 2006 до 2010 година, од полноќ во сабота кон недела.
Германија, Франција и Велика Британија, трите земји колективно познати како Е3, минатиот месец го активираа повторното воведување санкции, обвинувајќи го Иран за сериозни прекршувања на нуклеарниот договор од 2015 година.
Е3 предупредува дека Иран збогатува ураниум до нивоа далеку над оние потребни за цивилни цели.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата