logo
logo
logo

Не стивнуваат реакциите низ Европа по средбата на Фицо со Путин: Ова смрди на предавство

Vecer | 26.12.2024

Не стивнуваат реакциите низ Европа по средбата на Фицо со Путин: Ова смрди на предавство

Роберт Фицо е третиот лидер на ЕУ што го посетил Путин во Москва откако рускиот лидер нареди инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Кремљ соопшти дека двајцата лидери разговарале за „меѓународната ситуација“ и испораките на руски природен гас.

Рускиот природен гас продолжува да тече низ Украина и во некои други европски земји, вклучително и Словачка, според петгодишниот договор потпишан пред војната кој истекува на крајот на годината.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им рече на лидерите на ЕУ минатата недела дека Украина нема намера да го обнови договорот, за кој Фицо инсистираше дека ќе ѝ наштети на Словачка и нејзините интереси.

Тој рече дека неговата посета на Москва е реакција на изјавата на Зеленски и дека Путин му рекол дека Русија се уште е подготвена да испорача гас на Западот.

Во главниот град на Словачка, Братислава, луѓето излегоа на улиците да протестираат по средбата меѓу Фицо и Путин. Тие носеа транспаренти за поддршка на Украина, како и неласкави претстави за  Фицо.

Едниот гласеше „Смрди на предавство“.

Зеленски рече дека „неподготвеноста“ на Фицо да го замени рускиот гас е „големо безбедносно прашање“ за Европа и ги доведе во прашање потенцијалните финансиски стимулации што му се нудат на словачкиот лидер.

„Зошто овој лидер е толку зависен од Москва? За што е платен и за што плаќа Зеленски.“

Во своето доцна вечерно обраќање во понеделникот, Зеленски рече дека Фицо добил понуда за компензација за загубите од договорот за транзит што истекува, но дека „не сака компензација за Словаците“.

Во соопштението, украинското Министерство за надворешни работи наведува дека „слабоста, зависноста и кусогледоста“ на енергетската политика на Фицо претставува „закана за цела Европа“.

„Упорните обиди на словачкиот лидер да ја задржи енергетската зависност од Москва се изненадувачки и претставуваат срамна политика на смирување“, додаде украинското министерство.

Чешката влада, исто така, го критикуваше патувањето на Фицо во Москва, укажувајќи на сопствената одлука да се одвикне од руската енергија.

„Чешката влада беше таа што обезбеди независност од руските енергетски испораки за да не мора да се прикриваме пред масовен убиец“, рече чешкиот министер за надворешни работи Јан Липевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk