logo
logo
logo

“Не му давајте НИ ЦЕНТ НА ЗЕЛЕНСКИ!“

Vecer | 13.05.2022

“Не му давајте НИ ЦЕНТ НА ЗЕЛЕНСКИ!“

Откако американскиот сенатор Ренд Пол го блокираше усвојувањето на законот за помош на Украина од 40 милијарди долари, друг американски функционер изјави дека е против тоа.

Имено, Пол Госар, републикански член на Претставничкиот дом од Аризона, на Твитер напиша дека парите што американската влада има намера да ги издвои за поддршка на Украина се губење на парите на даночните обврзници.

„Минатата година Зеленски некако заработи сто милиони долари како државен службеник. Што мислите, каде всушност ќе одат најголемиот дел од 40-те милијарди долари понудени на Украина? Не треба да испратиме ниту цент“, напиша тој.

Според него, претседателот Џо Бајден има намера да започне посредничка војна со Русија, што ќе се покаже како грешка за Америка со последици на глобално ниво.

„Владата на САД треба да се занимава со внатрешната политика: да ги реши проблемите со јавниот долг, инфлацијата и имиграцијата“, нагласи Госар, објаснувајќи ја одлуката да се гласа против помошта за Киев.

Оваа недела, Претставничкиот дом на САД одобри пакет помош од 40 милијарди долари за Украина. Документот беше испратен до Горниот дом, но таму беше блокиран од сенаторот од Кентаки, Ренд Пол.

Според него, во сегашните услови, САД едноставно не можат да си дозволат да играат улога на светски жандар на сметка на сопствениот буџет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk