logo
logo
logo

НАТО продолжува со стандардизација на вооружувањето, најави Руте

Vecer | 18.10.2024

НАТО продолжува со стандардизација на вооружувањето, најави Руте

-Ова е важно за нашата способност да се бориме заедно и да ги намалиме трошоците за вооружување. Ќе го забрзаме развојот на стандардите на НАТО, додаде тој. Според него, водечка задача е подобрувањето на воздушната одбрана.

Руте истакна дека од почетокот на војната во Украина имало неколку случаи на нарушување на воздушниот простор на алијансата, вклучително и вчера во Романија.

-Русија останува главна и најдиректна закана за безбедноста на алијансата, (рускиот претседател Владимир) Путин дава се понеодговорни изјави, рече Руте. Набљудуваме хибридна интервенција во сите земји од алијансата, како и во Молдавија. Русија очигледно има за цел да ја оттргне Молдавија од европскиот пат, помагаме колку што можеме да има слободни избори во земјата, додаде генералниот секретар.

Тој појасни дека воените министри од пактот не разговарале длабински за планот за победа на украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела. Претходно Руте посочи дека не го поддржува целосно планот на Зеленски. Според него, министрите разговарале како да се продолжи поддршката за Киев и да не се остави Москва со впечаток дека таа се намалува.

Не можеме да потврдиме дека има севернокорејски војници на украинскиот фронт, но тоа може да се промени, рече Руте. Претседателот Зеленски на вчерашната прес-конференција во Брисел изјави дека има податоци за 10.000 Севернокорејци кои се подготвуваат за украинскиот фронт. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk