logo
logo
logo

'ВРЕМЕТО НИ ИСТЕКУВА'

НАТО на пресвртница: „Немаме доволно муниција за нас и за Украинците, не чекаат огромни промени“

Vecer | 23.11.2022

НАТО на пресвртница: „Немаме доволно муниција за нас и за Украинците, не чекаат огромни промени“

НАТО на пресвртница: „Немаме доволно муниција за нас и за Украинците, не чекаат огромни промени“

Највисоките одбранбени функционери во Европа велат дека поради недостигот на залихи на оружје и муниција на западните сојузници, потребни се итни дискусии за тоа како да продолжи да и помага на Украина, пишува порталот Defence News.

Членките на НАТО кои испратија оружје и опрема во вредност од милијарди долари сега се борат да ги исполнат сопствените обврски како што се бара со договорот за колективна одбрана на НАТО. Одлуките што ќе ги донесат сега би можеле да имаат последици за нивната безбедност, но и за конечниот резултат од борбата на Украина против Русите.

„Ако продолжите да испраќате оружје, муниција и опрема во Украина, треба да го процените ризикот што го преземате за сопствената одбранбена подготвеност“, рече претседателот на воениот одбор на НАТО, адмирал Роб Бауер, на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс овој викенд.

Недостаток на муниција

Бауер тврди дека особено има недостиг на муниција.

„Во годините пред донациите за Украина, некои земји одржуваа залихи на половина капацитет или уште помалку. Тие постапуваа на овој начин бидејќи сметаа дека ризикот од војна во нивното соседство е мал, или не можат да си дозволат поголеми инвестиции. Но, повеќето нации сега разбираат колку е навистина голем ризикот од војна“, рече Бауер.

Иако загубите на војници, тенкови и авиони на бојното поле значително ја ослабеа Русија, сојузниците на Украина мора да направат комплицирани пресметки за способноста и брзината со која Русија може да ги реконструира своите сили, додаде адмиралот.

„Русите ги имаат истите проблеми и потреби што ги имаме со нашите залихи“, заклучи Бауер.

Говорејќи на истиот форум преку видео-конференција, претседателот Володимир Зеленски предупреди дека на Русија не треба да и се дава пауза и ја отфрли идејата за кратко примирје со Русија.

„Завршувањето на војната на овој начин не гарантира мир. Русија сега бара кратко примирје, што навистина е само одмор за враќање на силата. Некои можеби ќе го наречат крајот на војната, но таквата пауза само ќе ги влоши работите“, рече Зеленски.

Началникот на штабот за одбрана на Канада, генерал Вејн Ер, рече дека балансирањето на потребите за помош на Украина со потребите за опремување на канадската војска е „нешто што го држи буден во текот на ноќта“.

Канада донираше хаубици М777 и повеќе од 25.000 куршуми од 155 мм муниција на Украина претходно оваа година.

Загрижениот генерал Ејр ја посети компанијата General Dynamics Ordnance and Tactical Systems претходно овој месец за да види како и колку е можно да се зголеми производството на муниција од 155 милиметри.

„Не е едноставна ситуација кога сте зависни од екстремно комплицирани синџири на снабдување, особено за производство на муниција што ни е очајно потребна“, откри Ејр.

Сеизмички промени

Земјите чии војски доживеаја кратење на буџетите за одбрана од Студената војна, чекаат сеизмички промени.

„Веќе 30 години во моите вооружени сили се соочуваме со намалувања и кратења. Имавме многу време да се подготвиме, но немавме пари. Сега се појавија амбиции, буџетот расте. Амбициите и барањата се затоа високи, но нема повеќе време“ - изјави врховниот командант на шведската армија Мајкл Бајден.

Еден од предизвиците, рече Бајден, е тоа што речиси секоја западна земја бара од индустријата да го зголеми производството за да ги задоволи растечките одбранбени потреби.

Оваа ситуација е акутен предизвик за некои од најмалите членки на НАТО, како што е Холандија, која и пред донацијата на помош од над 800 милиони долари за Украина, се бореше да ги исполни своите обврски кон НАТО.

Генералот Оно Ајхелсхајм, началникот за одбрана на Холандија, рече дека холандските залихи „не беа толку високи“ дури и кога Холандија одлучи да испрати муниција за хаубици од 155 милиметри и противвоздушни ракети во Украина.

Холандската влада и другите европски сојузници разговараа со индустријата за нивните долгорочни планови за набавка за да го зголемат производството - и како да се даде приоритет на пратките врз основа на тоа на кои земји им треба оружјето најмногу.

Една од целите е да се изгради одбранбената индустрија на Европа и да не зависи премногу од САД.

Не можеме да се потпреме на САД

„Мораме подобро да се координираме - особено во рамките на европскиот континент - затоа што треба да исполниме одредена стратешка автономија во Европа“, рече Ајхелсхајм.

„Не можете да се потпрете само на САД или други партнери ако потребата е толку голема. Затоа што САД нема да можат целосно да ни помогнат, како што мислевме во минатото. Ова не е вистина."

Бауер, пак, ги критикуваше компаниите за оружје, велејќи дека откако членките на НАТО ги зголемија своите воени буџети како одговор на руската инвазија на Украина во 2014 година, индустријата не ги прошири своите производствени линии за да одговори.

Наместо тоа, вели Бауер, таа само наплатила повеќе.

Освен зголемувањето на нарачките, смета Бауер, западните сојузници треба да најдат начини да ја финансираат одбранбената индустрија, да ги зајакнат синџирите на снабдување и да ги ангажираат воените добавувачи во дебата за „вредностите“ за нивната улога во зачувувањето на меѓународниот поредок заснован на правила.

Сепак, Ерик Фанинг, извршен директор на Асоцијацијата за воздухопловна индустрија со седиште во САД, ја брани индустријата.

„Овие компании имаат акционери. Не можат да планираат врз основа на тоа дали нешто ќе се случи или не. Државите мора да испратат јасен сигнал за тоа што сакаат, а индустријата ќе одговори. Способноста на индустријата да го зголеми производството на муниција зависи од тоа дали ќе добијат договори. Тие не се занимаваат со производство на моливи. Муницијата зависи од целиот синџир на снабдување и потребно е време за да продолжи“, заклучи Фанинг за Defence News.

Фото: Профи - Американскиот повеќецевен ракетен фрлач HIMARS кој на Украинците им донесе многу победи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk