logo
logo
logo

Насуканиот брод блокира по 400.000.000 долари на час

Vecer | 27.03.2021

Насуканиот брод блокира по 400.000.000 долари на час

Големкиот теретен брод Ever Given, остане ли заглавен во Суетскиот канал само еден час, светската економија ја чини 400 милиони долари.

Еден од најголемите бродови во свет кој поради песочна бура и силен ветер заплеткан е помеѓу двата брега на каналот низ кој поминува третина од светската поморска трговија.

Не само што се заробени 20.000 контејнери со стока која од Кина треба да стигне до Холандија, туку позади овој гигант долг повеќе од 400 метри чекаат повеќе од 300 други теретни брода.

Ни влекачи, ни багери, од сите познати светски компании кои се занимаваат со спасување на бродови во текот на изминатите денови не успеале да го одглават овој брод и да го нормализираат сообраќајот.

Што повеќе времето минува, се потешко ќе биде бидејќи плима е таа која може да помогне бродот полесно да се одвои од брегот, но ако и тоа не се случи набрзо, предвидувањата се дека тоа може да трае уште неколку недели.

Инаку од 10 отсто од вкупната трговија поминува преку овој Канал, а светската економија сега овој инцидент ќе ја чини повеќе од 30 милијарди долари.

Просечен број бродови кои дневно поминуваат преку Каналот е 93, што ќе се каже дека за изминатите 4-5 дена скоро 400 бродови требале да поминат.

Сопствениците на бродовите кои чекаат позади Ever Givena веднаш почнале да бараат алтернатива, кои се далеку од добро решение бидејќи оние кои од Азија тргнале кон Европа мора да го заобиколат Ртот добра нада и цела Африка, кој е помалку безбеден а и доста подолг пат – потребни им се две недели а со самото тоа и трошоците се многу поголеми.

Најголена бура е на пазарот за нафта, каде што цените истиот ден по веста дека бродот ја блокирал нејзината пловидба.

Како што  пишува Ројтерс, цената на суровата нафта пораснала за два долара на 63 долари по барел бидејќи во каналот заглавени се најмалку 30 танкери со нафта.

“Доцнењето доаѓа во момент кога не е сезона на побарувачка за сурова нафта или природен гас, така што тоа сигурно ќе го ублажи влијанието на цената на оваа стока на пазарот“, пишува Ројтерс.

“Зголемување на цената може да биде прдизвикана доколку Каналот остане непрооден подолг период поради бродовите кои пренесуваат гориво за ложење.

Инаку, трговците велат дека во ваква ситуација сакаат да причекаат – се надеваат на плима во наредните денови која ќе го реши проблемот.

Секое доцнење на стоката има огромни последици по сопствениците на бродовите и трговците, но алитичарите напоменуваат дека ова пореметување доколку потрае може да се одрзаи и на крајните корисници, односно на потрошувачите.

Инаку Суетскиот Канал е долг 193 километри кој го поврзува Црвеното и Средоземното море и е најкус поморки пат меѓу Азија и Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk