logo
logo
logo

Наскоро почнува украинската контраофанзива на Бахмут

Vecer | 24.03.2023

Наскоро почнува украинската контраофанзива на Бахмут

Во изминатите 24 часа Русите лансирале неуспешни напади во правецот на Лиман, Авдивка, Маринка и Шахтарске, но нивниот главен фокус останува Бахмут. „Платеничката група ‘Вагнер‘ има изгубено значителен дел од својата моќ и многу брзо ќе ја искористиме оваа можност“, кажа Сирски, а дека Украина се обидува да ги отсече неговите борци од регуларната руска војска, деновиве предупредуваше и шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин..

Во исто време, украинскиот претседател Зеленски побара побрзо снабдување со оружје и рече дека со ова темпо, војната може да се одолговлекува со години.

„Одговоривме  на непријателското гранатирање на регионот Керсон, со употреба на батериите за противракетна одбрана. Нашите војници на полето му покажуваат на окупаторот дека нема да простиме или да го заборавиме теророт. На состанокот на Европскиот совет, што се одржа во Брисел со учество на лидерите на сите земји на ЕУ и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Ги посочив силните чекори што ги преземаат партнерите. Но, забележав и работи кои, за жал, не ни дозволуваат да го забрзаме ослободувањето на териториите, не ни дозволуваат да го забрзаме крајот на војната.“ -Володимир Зеленски, Претседател на Украина.

Словачка вчера кажа дека испратила четири авиони „Миг-29“ во Украина, а на ЕУ самитот, лидерите одобрија план за испраќање еден милион артилериски гранати во Украина во тек на годината. Со цел уништување на руските тенкови Велика Британија најави испорака на оклопна муниција која што содржи осиромашен ураниум -чекор кој што рускиот претседател го оцени како изнуда Русија да одговори соодветно на оружје со нуклеарна компонента.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk