logo
logo
logo

Нарко картел изрешетале полицајци и ГИ ЗАПАЛИЛЕ ВО ВОЗИЛО (ВИДЕО)

Vecer | 13.03.2021

Нарко картел изрешетале полицајци и ГИ ЗАПАЛИЛЕ ВО ВОЗИЛО (ВИДЕО)

Во државата Закатекас во северниот дел на Централно Мексико, вооружени напаѓачи отвориле оган кон четворица полицајци кои патролирале во тој момент, а потоа врз возилото истуриле бензин и ги запалиле припадниците на полицијата

Во извештајот на мексиканската полиција се наведува дека била испратена потера по напаѓачите, дека двајца криминалци биле убиени при размена на оган, а седум биле уапсени.

Скривницата на нарко картелот била ппронајдена неколку часа во кој биле пронајдени 2 киднапирани лица.

Сè уште не е познато на кој картел припаѓаат напаѓачите, но познато е дека стариот картел Зетас е активен во тој дел на Мексико.

Во провинцијата Закатекас се води војна за територија и влијание меѓу четири нарко картели: Зетас, Голфски, Синалоа и Халиско.

Картелите Синалоа и Халиско од новата генерација се борат за превласт и во другите делови на Мексико.

[embed]https://youtu.be/NYPTopHRJdg[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk