logo
logo
logo

Најмалку шест лица загинаа во пукање на парада за 4 јули во Чикаго

Vecer | 04.07.2022

Најмалку шест лица загинаа во пукање на парада за 4 јули во Чикаго

Полицијата изјави дека најмалку 25 лица се повредени и однесени во болница.  

Осомничениот пукал во посетитете на парада од покривот на околните згради. Истражителите го пронашле оружјето со кое бил изведен нападот.  

Сцените од немилиот настан покажуаат крв на тротороат и полицајци кои говорат со минувачи. Од видео од посетители се гледа како луѓето бегаат во паника.

Според полицијата, властите во околните места треба да оценат дали да ги откажат прославите планирани за денешниот ден. 

Во САД денеска низ земјата се оддржуваат бројни паради а по повод Денот на независноста. Настаните лани и во 2020 година беа откажани поради пандемијата на Ковид-19. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk