Во видеото го гледаме моментот кога се олабавиле кабините на рингишпилот, по што шест лица се тешко повредени.
Властите ги истражуваат околностите кои довеле до инцидентот, а очевидци велат дека на оштетените кабини биле видливи траги од крв, пренесува Метро.
Полицијата брзо пристигнала и го затворила забавниот парк. Повредени се 10 лица, а шест се пренесени во болница.
Тие поради скршеници и повреди на главата се сместени на одделението за интензивна нега.
Надлежните велат дека забавниот парк ги имал сите дозволи и дека атракциите биле во „работна состојба“ пред несреќата.
Истрагата ќе утврди што се случило.
Претставниците на забавниот парк најавија дека ќе ги покријат медицинските трошоци на настраданите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата