Полицијата и спасувачите тврдат дека откажале сопирачките на автобусот, поради што возачот изгубил контрола, објави локалниот весник „Таират“.
Несреќата се случила утринава околу 2 часот по полноќ, кога автобусот се спуштал надолу од ридот Сала Пу Тон.
Според првичните информации, возилото изгубило контрола бидејќи му откажале сопирачките и удрило во приколка на камион.
Во моментот на судирот автобусот налетал на уште два камиони кои превезувале брашно, по што избувнал пожар.
Во пожарот четири лица загинале на горниот кат од автобусот, додека три загинале на долниот кат.
По повеќе од 30 минути гаснење на пожарот, спасувачите успеале да ги извлечат телата на починатите и повредените патници.
Од вкупно 53 повредени лица, 39 се пренесени во болницата Нади, додека 13 повредени во болницата Кабин Бури.
Еден патник е пренесен во болницата Касемрад. Истрагата за причините за несреќата е во тек.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата