logo
logo
logo

Мерц и Трамп се согласни дека трговските спорови треба да се решат

Vecer | 09.05.2025

Мерц и Трамп се согласни дека трговските спорови треба да се решат

Двајцата лидери исто така се согласиле дека е неопходно да соработуваат за ставање крај на војната во Украина, додаде портпаролот.

- Претседателот Трамп му честиташе на канцеларот за стапувањето на должност. Канцеларот Мерц го увери американскиот претседател дека 80 години по крајот на Втората светска војна, САД остануваат незаменлив пријател и партнер за Германија, изјави портпаролот.

За време на разговорот, Мерц го поканил Трамп во официјална посета на Германија. Според владини извори, Трамп најавил дека може да реализира таква посета. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk