logo
logo
logo

Најмалку девет мигранти загинаа, 48 се исчезнати откако им потонал бродот во близина на Шпанија

Vecer | 28.09.2024

Најмалку девет мигранти загинаа, 48 се исчезнати откако им потонал бродот во близина на Шпанија

Најмалку девет мигранти загинаа, а 48 се водат како исчезнати откако брод се преврте во близина на шпанскиот остров Ел Хиера утрово, соопштија спасувачите, додавајќи дека инцидентот се заканува да стане најсмртоносниот во последните 30 години околу Канарските Острови.

Службите за итни случаи успеале да спасат 27 од 84-те мигранти кои се обидувале да стигнат до шпанскиот брег, се наведува во соопштението на спасувачката служба, во кое се додава дека бродоломите се мигранти од Мали, Маурициус и Сенегал, пренесува Ројтерс.

Се вели дека спасувачите добиле повик од чамецот веднаш по полноќ по локално време и го лоцирале на околу четири милји источно од островот Ел Хиера, но бродот потонал за време на спасувачката операција.

„Сите мигранти на бродот се префрлија на истата страна од чамецот за време на спасувањето, поради што тој се преврте и сите паднаа во морето“, изјави Мануел Баросо, шеф на шпанската поморска спасувачка служба.

„Ветровитото време и слабата видливост ја отежнаа операцијата за спасување. Девет тела биле извлечени, а службите за итни случаи сè уште трагаат по другите“, рече Баросо.

Во текот на ноќта на Канарските острови стигнаа уште три чамци со вкупно 208 мигранти, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk