Кранот кревал бетонски сегменти на автопатот кога се урнал додека на градилиштето имало 39 работници.
Гувернерот на покраината го посетил местото на несреќата и изјавил дека расчистувањето на местото ќе биде забрзано за да може што поскоро да се обнови сообраќајот на патот, пренесе британски Мирор.
Надзорниот работник рече дека неколку работници останале заробени под бетонските делови, додека дел од нив се заглавени под урнатиот кран.
Според Мирор, при работите на овој автопат во изминатите години се случиле повеќе сообраќајни несреќи, често со смртни исходи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата