Пожарот во кој животот го загубија најмалку 27 лица, 60тина се повредени, од кој над 20 се во критична состојба, се случил непосредно пред полноќ, додека во преполниот локал се одржувал концерт. Сведоците раскажуваат дека по силна експлозија, снемало струја низ целиот објект, а густ чад кој излегувал од електрична табла за миг ја исполнил внатрешноста. Во целосен мрак, стотици посетители се обидувале да најдат излез, додека огнот со неверојатна брзина се ширел низ објектот. Според првичните наоди на противпожарната служба, евакуацијата дополнително била отежната поради заклучен излез за итни случаи..
-Очевидците ни кажа дека имало излез на задниот дел од објектот, но бил заклучен. Тој излез води кон голем отворен простор овде, но на вратата која била заклучена имало ознака „само за вработени“
-Кога почна да гори, најпрво се слушна експлозија и снема струја во цел бар. Луѓето не можеа да гледаат каде одат..
-Пожарот беше многу силен. Кога дојдов овде луѓето буквално се бореа да излезат надвор, но многу од нив не успеаа. Многу луѓе останаа заглавени внатре.
Дека најголем дел од телата биле пронајдени во задниот дел од објектот, потврди и Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул, кој утрово го посети местото на трагедијата и најави темелна истрага. Според Гувернерот на Банкок Чадчарт Ситипунт пак, огнот брзо се проширил и поради лесно запаливите материјали во локалот кој се наоѓале на таванот, но биле дел и од сценската декорација.
-Многу од луѓето не можеа да излезат надвор, бидејки тие отишле кон задниот дел на објектот. Се обиделе да се засолнат од чадот и огнот во тоалетите..Таму всушност ги најдовме најголемиот дел од телата,- изјави Анутин Чарнвиракул – премиер на Тајланд.
-Пожарот започнал некаде околу полноќ , брзо се раширил низ просториите и имало многу чад. Мислам дека можеби имало и нешто што го блокирало излезот за итни случаи, па многу луѓе не можеле да се спасат брзо. Многу од нив се загушиле и останале без свест,- Чадчарт Ситипунт - гувернер на Банкок.
Слична трагедија на 1 јануари годинава се случи и во швајцарскиот ски центар Кранс-Монтана, каде при пожар за време на дочек на новата година во ноќен бар загинаа 41 лице, а над 100 беа повредени. Пожарот избувнал по употреба на пиротехнички средства, а пламенот брзо зе проширил поради лесно запалив материјал на таванот. Истрагата за трагедијата се уште трае, а покрај сопствениците на барот, се проверува и евентуалната одговорност и кај дел од локалните фукционери и надлежните служби.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата