- Поради пожарот на туристичкиот брод Иглс, евакуирани се 96 патници и шест членови на екипажот, соопшти Командата на крајбрежната стража, пренесуваат турските медиуми.
Дрвениот брод долг 20 метри, кој се користи за еднодневни патувања, од засега непозната причина се запалил во 16 часот по локално време. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата