logo
logo
logo

Најмалку 177 загинати во авионска несреќа во Јужна Кореја. Пронајдена е црна кутија

Vecer | 29.12.2024

Најмалку 177 загинати во авионска несреќа во Јужна Кореја. Пронајдена е црна кутија

Летот на Jeju Air 7C2216, кој доаѓал од тајландскиот главен град Бангкок со 181 патник и членови на екипажот, се обидел да слета околу 9 часот по локално време на аеродромот на југот на земјата.

Потврдено е дека се загинати најмалку 177 лица, а само две лица - и двајцата од екипажот - се спасени, соопшти јужнокорејската противпожарна служба, откако авион на Чеџу Ер се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.

„Досега двајца се спасени, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.

Во авионот имало 181 лице - 175 патници и шест членови на екипажот.  

Авионот е „Боинг 737-800“ на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу ер“ (Jeju Air) и летал од Бангкок. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk