logo
logo
logo

Најмалку 155 деца загинаа при земјотресот во Авганистан

Vecer | 27.06.2022

Најмалку 155 деца загинаа при земјотресот во Авганистан

Најмалку 155 деца загинаа при земјотресот минатата недела во југоисточен Авгани стан, соопштија Обединетите Нации.

Организацијата на ОН за хуманитарни прашања информираше за 250 деца повредени за време на земјотресот во планинските села во провинциите Пактика и Хост, кај границата со Пакистан.

Најмногу загинати деца има во тешко погодениот Гајан во Пактика.

Според талибанските власти во Авганистан, бројот на загинати при земјотресот е 1.150, покрај стотина лица повредени. Информациите од ОН покажуваат дека загинале 770 лица, но, постои страв од зголемување на конечниот број жртви.

Земјотресот од минатата недела, со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала, е најсмртоносен во Авганистан изминатите две децении. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk