logo
logo
logo

Вонредни исклучувања на струјата во Украина по новите руски напади

Vecer | 05.12.2022

Вонредни исклучувања на струјата во Украина по новите руски напади

Украинскиот енергетски оператор „Укренерго” денеска соопшти дека низ земјата ќе бидат воведени вонредни исклучувања од системот за снабдување со електрична енергија, последица на најновите руски напади врз електричната инфраструктура.

„Како последица на ракетирањата, за да се одржи баланс меѓу производството и потрошувачката на струја, се воведува вонреден режим на исклучувања од системот во сите региони на Украина. Приоритет во снабдувањето со струја ќе бидат критичните инфраструктурни објекти”, се посочува во соопштението од „Укренерго” објавено преку Телеграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk