logo
logo
logo

Нафтениот гигант „Шел“ се повлекува од три европски држави

Vecer | 07.06.2023

Нафтениот гигант „Шел“ се повлекува од три европски држави

Мултинационалната нафтена компанија, основана во Обединетото Кралство и со седиште во Холандија, прецизира дека се повлекува од продажбата на мало во Велика Британија, Германија и Холандија.

Извршниот директор Ваел Саван, веднаш по преземањето на кормилото на компанијата, во јануари започна стратешки преглед на малопродажниот бизнис во Европа, наведувајќи ги како причина „тешките пазарни услови“.

- Таа анализа сега е завршена, а резултатот е нашиот план за повлекување од тие бизниси. Процесот на продажба е веќе во тек. Нашата намера е да постигнеме договор со потенцијален купувач во текот на следните месеци - пишува во соопштението на „Шел“.

Трговија на големо со продажба на енергетици на компании и снабдување на мали и средни компании под брендот „Шел енерџи“, односно малопродажба на енергетски производи за домаќинства на локации надвор од Европа, нема да бидат дел од потенцијалната продажба.

Три од најголемите британски снабдувачи со електрична енергија покажале интерес да го преземат малопродажниот бизнис на Шел во Велика Британија.

Инаку, „Шел“ во 2012 година беше најголемата компанија во светот според приходите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk