logo
logo
logo

Над половина милион патници се очекува да бидат погодени од штрајкот на германските аеродроми

Vecer | 10.03.2025

Над половина милион патници се очекува да бидат погодени од штрајкот на германските аеродроми

Протестот го најави синдикатот Верди како дел од преговорите за нов колективен договор.

Здружението на германски аеродромски оператори (ADV) проценува дека прекините ќе погодат околу 510.000 луѓе и над 3.400 летови ќе бидат откажани. Штрајкот ги опфаќа речиси сите главни аеродроми во земјата, вклучувајќи ги и клучните транспортни центри како што се аеродромите во Франкфурт, Минхен и Берлин.  Штрајкувачките акции започнаа ноќеска и ќе продолжат до утревечер.

Аеродромот во Хамбург вчера неочекувано стапи во штрајк, ден порано од планираното.

Други аеродроми каде се очекуваат проблеми во сообраќајот се Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Бремен, Хамбург, Лајпциг-Хале.

„Ферди“ со месеци преговара за нов колективен договор за работа со барања за подобрување на безбедноста и здрава средина на работното место, повеќе денови за одмор, зголемување на годишниот бонус и до 50 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk