logo
logo
logo

Над 3.000 Холанѓани собираа пари за од Британија да откупат слика на Винсент ван Гог

Vecer | 17.10.2024

Над 3.000 Холанѓани собираа пари за од Британија да откупат слика на Винсент ван Гог

Споменатиот портрет, насликан во 1885 година, бил купен за 8,6 милиони евра од британски колекционер, објави NL Times.

Во мај музејот започна кампања за собирање на преостанатите 2,6 милиони евра. Колекционерот се согласил да ја продаде сликата директно на музејот, кој направил брзо купување без понуда.

Најголем дел од цената е покриена, благодарение на владините донации и средства, а музејот ги искористи и своите резерви. На крајот, била потребно јавноста да даде само едно евро по човек.

Портретот претходно беше позајмен на музејот, но сега локалните жители и официјалните лица сакаа тој да стане постојан дел од колекцијата, особено што се работи за локална жена која се појавува и во познатото дело на Ван Гог „Луѓето јадат компири“.

Министерот за култура Епо Бруинс го изрази своето задоволство што сликата е купена.

„Задоволен сум што толку многу луѓе придонесоа за купувањето. Тоа покажува широка поддршка“, рече тој, додавајќи дека купувањето е важно за Холандија и нејзината историја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk