logo
logo
logo

На затворениците во Британија драстично им се намалени казните, нема да важи за секого

Vecer | 12.07.2024

На затворениците во Британија драстично им се намалени казните, нема да важи за секого

Затворениците во Англија и Велс, освен најтешките криминалци, обично се ослободуваат по отслужување на 50 отсто од казната, а новата одлука ќе стапи на сила во септември, пренесува Sky news.

Претседателот на Здружението на затворски службеници, Марк Ферхарст изјави дека според новата одлука, во првите неколку месеци од затвор ќе излезат околу 5.500 затвореници.

Новата одлука не важи за оние кои сториле кривични дела со казна од четири или повеќе години, како и за криминалците кои сториле тешки кривични дела.

Тие во моментов треба да отслужат две третини од казната во затвор или Одборот за условно ослободување треба да донесе одлука дали може да бидат ослободени.

Затворениците кои ќе бидат пуштени порано во согласност со новата одлука, ќе бидат строго следени, се наведува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk