logo
logo
logo

На турска авио компанија ѝ се забранети летови кон ЕУ поради врските со Русија (ВИДЕО)

Vecer | 02.04.2024

На турска авио компанија ѝ се забранети летови кон ЕУ поради врските со Русија (ВИДЕО)

Сопственичката структура на оваа компанија е проблематична за властите на ЕУ кои сметаат дека голем удел имаат руски компании или поединци.

Одлуката за забрана на летови и прелети над територијата на ЕУ беше донесена откако на Southwind Airlines не ѝ беше одобрена дозвола да започне со воздушни операции кон Финска, пишува Scramble.nl.

Агенцијата за транспорт и врски на Финска, наводно, утврдила дека мнозинската сопственост и контрола на авиокомпанијата не ја имаат турски компании, туку субјекти од Русија.

Бидејќи руската економија во моментов е под санкции на ЕУ, агенцијата на 25 март објави дека Southwind Airlines нема да може да врши летови до Финска.

Врз основа на проценката на Финска, Брисел одлучи да ѝ забрани на турската авиокомпанија да лета и да врши летови кон ЕУ, пишува Киев Индипендент, повикувајќи се на Џумхуриет.

Саутвинд ерлајнс е основан веднаш по избувнувањето на војната во Украина во 2022 година, со цел да превезува руски туристи кои летаат на турскиот брег.

Во меѓувреме, авиокомпанијата започна со летови не само од Турција до Русија, туку и до Бахреин, Белорусија, Германија, Грција, Италија, Израел, Казахстан, Либан, Молдавија, Македонија и Швајцарија, според Scramble.nl.

Превозникот моментално лета со три авиони Боинг 777-300/300ЕР, три Б737 МАКС 8, два Ербас А321 и еден А321нео, според податоците на службата Планспотерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk