logo
logo
logo

На референдум во Еквадор изгласани мерките за борба против криминалните банди

Vecer | 22.04.2024

На референдум во Еквадор изгласани мерките за борба против криминалните банди

Претседателката на Националниот изборен совет, Дијана Атамаинт, објави дека граѓаните на Еквадор гласале за сите безбедносни мерки, и оти отфрлиле два контроверзни економски предлози.

- Ја одбранивме државата. Сега ќе ги имаме потребните алатки за борба против криминалците и за враќање на мирот на семејствата на Еквадор, напиша на социјалните мрежи еквадорскиот претседател Даниел Нобоа.

Мерките изгласани на вчерашниот референдум, на кој право на глас имаа околу 13 милиони граѓани, меѓу другото опфаќаат и вклучување на војската во борбата против бандите и продолжување на затворските казни за осудените трговци со дрога.

Минатата година, стапката на убиства во Еквадор достигна 40 смртни случаи на 100.000 луѓе, што е една од највисоките во регионот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk