logo
logo
logo

На едно место во Европа денеска се измерени рекордни, речиси минус 40 степени

Vecer | 05.02.2025

На едно место во Европа денеска се измерени рекордни, речиси минус 40 степени

Во градот Савукоски во источна Лапонија, Финска, измерени се -39,6 степени Целзиусови, потврди метеорологот Јани Сорса од Финскиот метеоролошки институт.

Рекордно ниската температура е измерена на набљудувачката станица Тулпио помеѓу 1 и 2 часот по полноќ.

Истата опсерваторија го забележа и претходниот рекорден минимум од -38,9 степени Целзиусови, кој бил измерен на 8 јануари.

Неколку други станици, исто така, забележале температури над -35 Целзиусови степени денеска, но Сорса верува дека мерењето во станицата Тулпио најверојатно ќе покаже најстудено време досега.

„Исто така, во Лапонија ќе биде значително поблаго. Во четврток веќе ќе бидеме на едноцифрени ниски температури, а до крајот на неделата би можеле да преминеме дури и во зоната плус“, вели тој.

Финскиот метеоролошки институт издаде предупредување за мраз за Енотекио и Соданкила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk