logo
logo
logo

На Боинг со 250 патници му се расипа моторот, принудно слета во Сибир (ВИДЕО)

Vecer | 26.08.2025

На Боинг со 250 патници му се расипа моторот, принудно слета во Сибир (ВИДЕО)

Во авионот имало повеќе од 250 патници и членови на екипажот, пишува „Индипендент“.

Боингот 777, кој полетал од Лондон синоќа во 22:43 часот, бил принуден да слета на аеродромот Нижневартовск во регионот Ханти-Мансиј во Русија. Според „ФлајтАвер“, авионот слетал околу 8:17 часот по локално време, околу пет и пол часа по почетокот на патувањето.

Потврда од руските власти

Руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, го потврди инцидентот. „За време на летот од Лондон до Пекинг, екипажот на „Боингот 777-300“ на „Ер Чајна“ одлучил да слета на алтернативен аеродром во Русија“, се вели во соопштението. Како што објави „Ројтерс“, дефект на еден од моторите е наведен како прелиминарна причина.

Агенцијата додаде дека „Ер Чајна“ ќе испрати резервен авион во Сибир за патниците да можат да го продолжат своето патување до Пекинг подоцна во текот на денот. Летот CA856 помеѓу Велика Британија и кинескиот главен град обично трае повеќе од девет часа.

Британското Министерство за надворешни работи (FCDO) во моментов советува да не се патува во Русија поради ризиците поврзани со нејзината инвазија на Украина. Сè уште не е познато колку британски државјани биле на овој лет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk