logo
logo
logo

На 98 години почина ПОСЛЕДНИОТ ПРЕЖИВЕАН ОСЛОБОДИТЕЛ НА АУШВИЦ

Vecer | 07.06.2021

На 98 години почина ПОСЛЕДНИОТ ПРЕЖИВЕАН ОСЛОБОДИТЕЛ НА АУШВИЦ

Давид Душман, последниот преживеан војник, кој учествуваше во акцијата за ослободување на нацистичкиот логор на смртта - Аушвиц, почина на 98-годишна возраст.

Душман, Евреин и ветеран на Советската Црвена армија, кој подоцна стана олимписки мечувалец, почина во саботата во Германија.

Како 21-годишен војник, тој ја сруши електричната ограда околу логорот со тенк на 27 јануари 1945 година, помагајќи им на затворениците да се ослободат.

Околу 1,1 милиони луѓе беа убиени во Аушвиц, главно Евреи.

„Кога пристигнавме, ја видов оградата и тие несреќни луѓе, ја пробивме оградата.  Им дадовме храна на затворениците и продолживме“, изјави Душман за Ројтерс минатата година.

„Тие стоеја таму, сите во затворска униформа, само нивните очи се гледаа и тоа многу малку - беше ужасно “, рече тој.

Душман рече дека за време на војната не знаел дека Аушвиц постои, дека таму дознал за злосторствата кога се појавиле во годините по ослободувањето.

Тој беше еден од вкупно 69 преживеани во војната од неговата 12.000 воена дивизија.

За време на конфликтот се здобил со сериозни повреди.

И покрај тоа, тој стана главен мечувалец на Советскиот Сојуз, а подоцна и еден од најголемите светски тренери за мечување, објави Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Тој беше тренер на советската женска репрезентација повеќе од 30 години.

Тој беше сведок на крвопролевањето на Олимписките игри во Минхен во 1972 година кога беа нападнати израелските спортисти.

„Слушнавме истрели. Бевме стационирани веднаш спроти израелскиот тим. Ние и другите спортисти беа преплашени“, рече тој за весникот „Абендзајтунг“ во 2018 година.

Неговиот пријател, поранешен мечувалец и претседател на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, изрази сочувство до семејството.

„Кога се сретнавме во 1970 година, тој беше пријателски расположен и ми понуди совет, и покрај неговото лично искуство во Втората светска војна и во Аушвиц, како човек со еврејско потекло“, рече Бах, кој е Германец.

„Тоа беше прекрасен човечки гест и никогаш не можам да го заборавам“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk