logo
logo
logo

Му удрил шлаканица на Макрон поради незадоволство: Не го планирав шамарот, туку реагирав импулсивно!

Vecer | 10.06.2021

Му удрил шлаканица на Макрон поради незадоволство: Не го планирав шамарот, туку реагирав импулсивно!

Дамијен Тарел, вљубеник во средновековни боречки вештини, кој му удрил шлаканица на францускиот претседател Еманеул Макрон, признал дека го удрил Макрон а наскоро ќе треба и да се изјасни во судница во процес по забрзана постапка.

"Тарел призна дека го удри Макрон, додека претседателот беше во посета на регионот Дроме на југоистокот на земјата, но на инспекторите им кажа дека тоа не го планирал однапред", изјавил локалниот обвинител Алекс Перин.

Невработениот 28-годишник во текот на испрашувањето рекол дека бил близок со противвладините "жолти елеци" - движење кое го потресе претседателството на Макрон, и дека има ултрадесничарски политички убедувања.

"Тој тврди дека реагирал импулсивно изразувајќи го своето незадоволство и дека не размислувал", рекол Перин во изјавата доцна во средата.

По наподот, Макрон рекол дека тоа бил изолиран инцидент и дека насилствата и омразата се закана за демократијата.

Познаниците на Тарел пак изјавиле дека тој не е проблематичен. Обвинителот изјавил дека не е член на никакви политички ниту милитантни групи.

"Тарел е уапсен заедно со уште еден маж од неговиот роден град Сент Валие. Полицијата пронајде оружје, примерот од книгата на Хитлер "Мојата борба" и знаме со меѓународен симбол на комунистичкото движење, во станот на другиот маж", рекол Перин.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk