Никол Харингтон (37) била застрелана во главата откако ја навредила машкоста на поранешниот полицаец Џејсон Канингам. Во меѓувреме тој е осуден на доживотен затвор.
Мајката на три деца и оженетиот полицаец имале афера. На 17.06.2020 година, ја нападнал својата жртва во гаража додека таа чекала лифт. Ја застрелал во главата, а нејзиното тело дури утре изутрината било пронајдено во лифтот.
Откако ја убил Никол, Џејсон им се јавил на своите поранешни колеги и им кажал дека направил нешто страшно.
Кога бил уапсен, на полицијата и рекол дека сака да раскине со Никол, но дека после тоа му се налутила, пишува Билд.
Тој пред судот признал дека ја убил Никол. Тој е осуден на доживотен затвор со право да поднесе барање за условно ослободување по 35 години.
„Јас не сум чудовиште, извинете“, со плачлив глас му рекол на семејството на жртвата пред изрекувањето на пресудата.
Како што пренесуваат неколку американски портали, во судницата било кажано дека таа му рекла: „Барем Мауи има голем пенис!“ Очигледно било премногу за егото на 48-годишниот поранешен полицаец.
Во 2018 година, Џејсон бил избркан од полициските сили поради поседување дрога.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата