logo
logo
logo

Мртвото тело на Навални било злоставувано, тврди неговата вдовица пред европратениците

Vecer | 28.02.2024

Мртвото тело на Навални било злоставувано, тврди неговата вдовица пред европратениците

Вдовицата на Алексеј Навални пред Европскиот парламент изјави дека телото на нејзиниот сопруг било злоставувано по неговата смрт во затворот на Арктикот, објави Бизнис Инсајдер.

Таа го предупреди и рускиот претседател Путин, кого го обвини дека го убил нејзиниот сопруг: „Не си имате работа со политичар, туку со крваво чудовиште“.

Погребот на критичарот на Путин ќе се одржи на гробиштата Борисов, по прошталната церемонија во 14 часот во областа Маржино.

Кремљ вчера предупреди дека Русите не треба да го користат погребот на Навални како момент за протести.

„Овие луѓе, таканаречените поддржувачи на Навални, се добро познати по нивните провокативни повици за кршење на законите на Руската Федерација“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Џармиш ги повика поддржувачите на Навални да пристигнат „порано“ доколку сакаат да дојдат и да му оддадат почит бидејќи се очекува голем број луѓе да присуствуваат на погребот во јужна Москва.

Да потсетиме, Кирил Буданов, шефот на украинската одбранбена разузнавачка служба изјави дека рускиот опозициски политичар Алексеј Навални починал од природна смрт, поточно од згрутчување на крвта, пренесува Украинска правда.

Алексеј Навални беше во затвор од почетокот на 2021 година. Московскиот градски суд го осуди на 19 години затвор со максимална безбедност за „екстремизам“ во август 2023 година.

Утрото на 19 февруари, Људмила Навална пристигнала во мртовечницата во градот Салехард, каде наводно се чувало телото на нејзиниот син. Меѓутоа, ниту таа, ниту нејзините адвокати не смеат да влезат. На 20 февруари Људмила сними видео апел до претседателот на Русија, барајќи да ѝ го врати телото на нејзиниот син за да го погреба.

На 24 февруари, вработените во рускиот затвор конечно ѝ го предадоа телото на опозицискиот лидер Алексеј Навални на неговата мајка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk