- Штом ќе се договорат датумот и локацијата, ќе бидат дадени дополнителни детали. Досега нема значајни промени во позициите на режимот во Киев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно, Украина најави разговори за почетокот на март во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Главниот преговарач на Киев, Рустем Умеров вчера разговараше во Женева со американскиот претставник Стив Виткоф.
Претставникот на Кремљ, Кирил Дмитриев во Женева се сретна и со Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според Песков, разговорите повторно се фокусирале на можните идни економски односи меѓу Русија и САД. Дмитриев, исто така, го информирал рускиот претседател Владимир Путин за состаноците. Песков рече дека јавноста ќе биде информирана доколку има некакви резултати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата