„Со оглед на околностите и значителниот број јавно достапни документи, Европската комисија, исто така, побара од ОЛАФ на 18 февруари да го истражи ова прашање“, изјави портпарол на Комисијата.
Европската канцеларија за борба против измами, позната по францускиот акроним ОЛАФ, е надзорно тело на ЕУ кое, меѓу другото, се занимава со прашања за финансиски измами и кршење на правата на институциите што се занимаваат со миграција. Канцеларијата не потврди дека покренала истрага.
Манделсон, влијателен британски политичар, е под истрага за наводна злоупотреба на јавна функција, а во во врска со неговото познанство со Епстин.
Пред Брегзит, Манделсон беше европски комесар за трговија од ноември 2004 до октомври 2008 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата